Македонија
29. October 2017 - 11:38

Во Струга до 10 часот гласале над седум проценти од граѓаните

Изборниот процес во вториот круг од Локалните избори во општината Струга се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.

Бледар Зиба, претседателот на ОИК информираше дека до 10 часот на изборите излегле и гласале 4.310 лица или 7,12 отсто од граѓаните со право на глас.

Вкупно 60.530 регистрирани граѓани на Струга денеска го избираат новиот градоначалник меѓу кандидатите на ДУИ Рамиз Мерко и на Алијанската на Албанците Зијадин Села. И двајцата кандидати веќе имаат по еден градоначалнички мандат.