Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин

Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин биле вакцинирани само за да им дадат пример на другите граѓани.
– Вакцината мора да има две основни својства, според заклучоците во Европската унија и Светската здравствена организација – да биде ефикасна и безбедна. Наше не е да разговараме сега за стручни прашања. Дека вакцинацијата е неопходна и плодотворна, покажуваат и примерите на некои големи болести кои беа искоренети благодарение на неа. Против Ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни.Сметам дека би било сосема погрешно да се појавуваат теории на заговор што можат лошо да влијаат на јавното здравје, изјави Дачиќ.
Според најавите, оваа недела во Србија треба да се дадат 2.400 дози вакцина Спутник V.
Инаку, на 24 декември, премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон беа први кои се вакцинираа против короната, а ја примија вакцината Фајзер.
Тогаш започна вакцинацијата на корисниците на домови за стари лица, а од вчера и здравствените работници примаат вакцина против короната. Планот е да се вакцинираат 11.000 лица до крајот на неделата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
-

Барале помош среде езеро: Спасени две девојки на СУП даски во Охридското Езеро откако ветер ги однел далеку од брегот
-

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите
