Во Словенија еднодневен штрајк на вработените во здравствените и социјалните установи
Околу 50.000 вработени во словенечките здравствени домови, болници, установи за социјална заштита, центри за социјална работа и аптеки денеска стапија во еднодневен штрајк по неуспешните преговори за платите со Владата.
За време на штрајкот од 7 до 19 часот во здравствените домови и болниците ќе се обезбедува само итна медицинска помош, аптеките ќе работат со работно време како во недела, а социјалните институции во намален обем ќе вршат само законски задолжителни задачи.
Министерот за здравство Јанез Поклукар рече дека не гледа причина за штрајкот и оцени дека одлуката на синдикатот да ги прекине преговорите со Владата е избрзана. Слиечн став изнесе и министерот за труд Јанез Циглер Краљ.
На нешто повеќе од два месеци пред парламентарните избори, словенечката влада е под притисок од различни синдикати да ги зголеми платите поради повисоките животни трошоци и зголемената инфлација.
Неодамна и дел од синдикатите во јавниот сектор најавија штрајк, незадоволни од владината одлука со посебен закон годинава да ги зголеми платите на лекарите бидејќи сметаат дека тоа ги нарушило платите на другите категории вработени во јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
-

Орбан: Идејата на ЕУ за заеднички заеми за финансирање на Украина ќе ги задолжи дури и нашите внуци
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
