-->
-->
Во Скопје санкционирани 64 возачи
-->
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (26.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
- Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 64 мерки, меѓу кои осум за возење без возачка дозвола, три за непочитување на брзина на движење, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење на мобилен телефон, две за возење под дејство на алкохол, 27 за непрописно паркирани возила, соопштуваат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови,велат од министерството.
Од Министерстовото за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
-

Од кандидат за градоначалник до поранешен судија: Пет имиња во трка за член на Судскиот совет
-

Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан
-

Дополнителни 186 милиони евра и нов рок за автопатот Кичево–Охрид
