Македонија
14. March 2022 - 11:13

Во Скопје опожарени осум контејнери за време на викендот

Град Скопје соопшти дека во текот на изминатиот викенд се опожарени осум садови за одлагање комунален отпад на јавните површини во Скопје. Непознати сторители запалиле три контејнери на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит Пазар, покрај кои целосни изгореле уште четири контејнери, а еден контејнер изгорел во Дебар Маало.

-Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад, велат од Град Скопје.

Тие информираат дека опожарените контејнери се заменети со нови.