Во штипската модуларна болница починаа две лица од Ковид-19
Во штипската модуларна болница починаа двајца пациенти од Радовиш и Виница на возраст од 67 и 52 години. Педесет пациенти се на болнички третман од кои 40 во модуларната, од нив 37 се на постојана кислородна поддршка, а 10 се на Кожното одделение, кои се со полесна клиничка слики и се стабилизирани по третманот во модуларната болница.
Болничкиот извештај и денеска покажува дека расте бројот на прегледи на пациенти во дневната амбуланта, каде што во рок од 24 часа се прегледани 62 пациенти од целиот источен регион. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека доколку имаат поголем притисок за болничко сместување на пациентите, во тој случај ќе мора да ги сместат во неколку соби на Инфективното одделение, чија реконструкција е во тек.
-Лекарите и медицинскиот персонал кои работат во Ковид центарот во Штип се вратени на работа и одморите им се прекинати. Направена е и нова реорганизација на работата, ангажирани се многу лекари и медицински сестри, со цел да одговориме, доколку има потреба, вели Ѓеорѓијев.
Забележа дека хоспитализираните пациенти се на возраст од 50 до 70 години, но имаат и пациенти на 30 годишна возраст. Прашан за колкав е процентот на пациентите со вакцина и невакцинирани, кои побарале болнички третман и починале поради тешки компликации од коронавирусот, Ѓеорѓијев со одговор дека голем дел се невакцинирани, а помал дел се вакцинирани пациенти.
-Отприлика можам да ви кажам дека 20 % од починатите се вакцинирани, а 80 отсто се невакцинирани и во однос на лежечките пациенти 25 % се вакцинирани, а останатите се невакцинирани, рече Ѓеорѓијев.
Ново на Сител
-

Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон
-

Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
