Во Штип работилница за млади претприемачи

Центарот за развој на Источно-планскиот регион по повод Глобалната недела на претпримеништвото денеска организираше работилница за 40-тина млади и идни претприемачи од источниот регион, со цел да започнат сопствените бизниси.
Синиша Пекевски модератот на работилницата истакна дека целта е да се промовира претприемништвото меѓу младите луѓе, како и неговата улога во развојот на една земја.
- Претприемништвото кај нас е во постојан пораст, но се уште не е доволно познато и развиено. Очекуваме преку вакви и случни настани и проекти да го испромовираме и презентираме пред целокупната јавности, а и младите луѓе колку што е можно повеќе да се насочуваат кон работење и отварање сопствени бизниси отколку да се фокусираат кон работење за државни институции или работење во некои поголеми фабрики, вели Пекевски.
Благица Лскова од компанијата Гешталд солушнс, која е и еден од организаторите на работлницата за идните претприемачи вели дека околу 25 % од младите од источниот регион се обидуваат да почнат сопствен бизнис.
- Најчесто се отвораат бизниси од областа на занаетчиството. Искуството кое го имаме досега во водење обуки за претприемачи и за поттикнување на младите во таа насока, најчесто започнуваат бизниси оние кои што веќе имаат занает. Зборуваме за фризери, козметичари, за луѓе кои се занимаваат со поправка на моторни возила, на бела техника, потоа ѕидари од градежната фела, декности каде што не се потребно многу финасии а доволно е самото знаење, вели Лскова.
Според истражувањата на експертите и на невладините организации на младите им недостасува самодоверба и поддршка од најблиските за да почнат сопствен бизнис.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
