Во Штип одбележан Светскиот ден на планетата земја

Штипските екологисти, основните и средни училишта денеска со низа на активности го одбележаа Светискиот ден на планетата земја. Јорданка Калијџиеска од Еколошкото друштво „Виножито“ вели дека дека во еколшкиот парк на „Виножито“ во Штип заедно со учениците имале еколошки час.
- Сметаме дека направивме една убава работа, затоа што ги извлековме учениците од затворениот простор, од училниците, домовите, ги доведовме во природа да дишат чист воздух и да се дружат. Сметаме дека „Виножито“ дава свој допринос за здравјето и да речеме една еколошка поука на учениците, вели Калајџиеска.
Во штипското Основно општинско училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ денеска учениците заедно со нивниот наставник по географија Виолета Иванова ја промовираа камањата „Запали дрво, изгаси живот“, која има за цел да ги информира и да ја подигне еколошката свест и кај останатите основци и средношколци во Штип за последиците од шумските пожари, а посебно на планината Плачовица.
Ново на Сител
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
