-->
-->
Во Рио пламна олимпискиот факел
-->

Олимпискиот пламен кој ќе гори на Игрите во Рио де Жанеиро од 5. до 21. август, во четвртокот беше запален во древната Олимпија, откаде традиционално го започнува патот кон градот домаќин.
Олимпискиот факел го запали една актерка, облечена во долга туника, како главна паганска свештеничка. Таа пламенот му го предаде на грчкиот гимнастичар Елефтериос Петрунијас, кој потоа ќе му го предаде на легендарниот бразилски одбојкар Жовани Гави.
„Денес пишуваме историја...Овие ОИ ќе бидат порака на надеж во овие тешки времиња, а пламенот ќе донесе надеж во секој дел од Бразил и низ целиот свет“, рекол претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.
Факелот во наредните шест дена ќе ја обиколи Грција, а потоа на 27. април ќе им биде предаден на организторите на Игрите.
Олимпискиот факел ќе ја обиколи бразилската држава, а крајна дестинација ќе му биде стадионот „Маракана“, каде ќе биде одржана церемонијата на свеченото отворање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
