-->
-->
Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-->

Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен.
Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа.
- Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба, нагласија од ЈКП „Пролетер“-Ресен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
