Во пожар на планината Плачковица изгореа 20 хектари дабова шума

Во шумски пожар на планината Плачковица од страната на Радовиш во близина на селото Шипковица изгореа околу 20 хектари дабова шума. Во локалзирањето на пожарот, што синоќа се префлил и во правец на штипското село Вртешка, учествуваа и штипските пожарникари.
Командирот на Територијално Противпожарната единица (ТППЕ) –Штип, Јонче Манојлов вели дека според првичните информации причината за овој шумски пожар е човечки фактор.
- Пожарот попладнево е локализиран и изгаснат. Тоа е над селото Шипковица во радовишкиот дел, каде исто така имаше помош и од шумското стопанство, изјави Манојлов.
Тој смета дека е потребно да се донесат измени во Законот за шумарство со кој на граѓаните им е дозволено да ја користат опожарената дрвна маса за свои потреби, а често ваквите дрвја и се продаваат. Доколку со оваа опожарена дрвна маса стопанисува само ЈП Македонски шуми во тој случај пожарите низ шумите ќе се намалат.
Според евиденцијата на штипските пожарникари, во последните седум дена имале вкупно 13 пожари на отворено, односно интервенирале на гаснење на сува трева, стрништа и ниско стеблеста шума. Се апелира земјоделците и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а исто така и на голема внимателност во шумските појаси, бидејќи на овие екстремно високи температури и најмала искра може да предизвика пожар со катастрофални последици.
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
