Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога која државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција.
Царинската управа денеска соопшти дека по пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто преземаеле соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со тежина од 12,5 грама, МДМА со вкупна тежина од 20 грама и кокаин со тежина од 8 грама.
Случајот е предаден на понатамошна постапка на Одделението за истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. По налог на јавен обвинител, инспектори за спроведување истраги, во моментот на примопредавање на пратката, го привеле лицето Ј.Е. и извршиле претрес на домот каде живеел заедно со сопругата.
При претресот дополнително се пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.
Дрогата пронајдена во поштенските пратки и домот на лицето е одземена и испратена на вештачење, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, информира прес-службата на Царинската управа.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
