Во поплавите во Југоисточна Азија загинаа приближно 600 луѓе

Речиси 600 луѓе загинаа, а милиони се погодени од монсунските поплави во Југоисточна Азија, соопштија денеска индиските власти
Најмалку 33 дистрикти од вкупно 75 во индиската држава Утар Прадеш се погодени од поплавите. Околу 100.000 луѓе се сместени во засолништа, а според проценките на властите два милиони лица се погодени од поплавите.
Во индиската држава Бихар загинаа најмалку 153 лица, околу 400.000 се во засолништа, а приближно 10 милиони се погодени од поплавите.
Во поплавите во Непал загинаа 123 луѓе, а најмалку 20 проценти од населението е погодено од надојдената вода и лизгање на земјиштето.
Во индиската држава Асам загинаа најмалку 60 луѓе, а во Западен Бенгал - 52 лица.
Во исто време во соседен Бангладеш загинаа најмаку 100 луѓе, а околу шест милиони се загрозени од поплавите.
Секоја година во текот на сезоната на монсунските дождови во Југоисточна Азија страдаат голем број луѓе.
Ново на Сител
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
