Во Њујорк стапи во сила забраната за користење пластични кеси

Во сојузната држава Њујорк од синоќа стапи забраната за користиење пластични кеси. Продавници и супер маркетите во оваа сојузна држава не смеат да им даваат на купувачите бесплатни ќеси за еднократна употреба.
Ова е предвидено во усвоениот закон за намалување на количините на исфрлено ѓубре и зачувување на природната околина.
Гувернерот Ендрју Куомо истакна дека пластичните кеси се видливи по улиците разнесени од ветерот, се закачуваат на гранките на дрвјата, ги преполнуваат депониите, ги загадуваат езерата, реките, потоците, соопшти весникот „Хроникал ескпрес“.
Според него, тоа и штети на околината и мерката со забраната ќе ја заштитат природата и ќе придонест кон решавање на проблемите со екологијата.
Според законот, компаниите не смеат и да продаваат пластични ќеси на купувачите. Во градовите во сојузната држава Њујорк, купувачите, сепак, можат да купат хартиени кеси по цени од пет до десет центи. Од таа сума, два цента се наменети за локалниот буџет, а три цента во државниот Фонд за заштита на природната средина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
