Во Њујорк рекордно намален бројот на убиства

Во Њујорк во текот на 2018 година се извршени рекордно мал број убиства, соопштија полициските служби.
Во најголемиот американски град во 2018 година се регистрирани 289 убиства, што претставува еден отсто помалку од минатата година и е најниското ниво од 50-те години на минатиот век.
Бројот на убиства е намален за 45 отсто во последната деценија. Во 1990 година биле извршени 2.245 убиства.
По осум отсто зголемување на бројот на убиствата во првата половина од минатата година, Големото јаболко ја заврши 2018 година со рекордно мал број убиства, а во октомври не е регистрирано ниту едно убиство, што не се случило во последните 25 години.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио ја пофали полицијата за нивната работа, нагласувајќи дека тие резултати се постигнати и благодарение на „соседската полиција“, која стапи во сила од 2015 година.
Оваа политика подразбира поврзаност меѓу луѓето во еден кварт, со цел полесно да се идентификуваат потребите на заедницата и да се изгради доверба.
Ново на Сител
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
