Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски

Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната презентација на страјкер‑возилата во касарната во Петровец.
Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.
– Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирање. Очекувам во мај–јуни да се седне и да се поразговара, и апсолутно ќе разговараме отворено за сите теми, изјави премиерот.
Тој посочи дека анализите ќе опфатат кои кадри потфрлиле, кои не, како и кои позиции би можеле да се променат или ротираат.
На прашањето дали има министри од чие работење е незадоволен, премиерот кусо одговори дека не би коментирал повеќе од веќе кажаното.
МИА
Ново на Сител
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
-

Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
