Во котлините магла, на повисоките места сонце, најладно во Берово

Утрово во долините и котлините има појава на магла и ниска облачност. Кон повисоките места е сончево со слаб претежно северен ветер. Магла има долж Повардарието, во долниот тек на Брегалница, во Пелагонија, и во pреспанскиот регион.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најниска температура од - 6 степени е измерена во Берово, -5 во Крива Паланка, -2 Маврово, Тетово, Прилеп, Виница, -1 Гевгелија, Битола, нула во Куманово, Лазарополе, Претор, температура од 1 степен во Скопје, 2 Кавадарци, Охрид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 6 Крушево.
Во текот на следнава работната недела, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи стабилно и суво со релативно високи днвни температури на воздухот. Во утринските и претпладневните часови во котлините и речните долини, особено во централните делови ќе има ниска облачност и појава на магла и таму преку денот температурата нема многу да се покачува. Кон крајот на работнава недела ќе следи спуштање на температурите но и понатаму ќе се задржи стабилно и суво.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
-

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
