Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола

Во ДР Конго и во Уганда заклучно со вчера се потврдени 263 случаи на инфекција со вирусот ебола, изјави денеска генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.
„Се истражуваат повеќе од 1.100 сомнителни случаи, а 43 лица заразени со реткиот сој на ебола Бундибугио се починати“, изјави Касеја денеска во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Кесаја рече дека националните системи за инциденти мора брзо да се активираат, а инвестициите во подготвеност за пандемија мора да бидат постојани.
„Меѓународните партнери играат суштинска улога, но нивната поддршка е најважна кога е усогласена со стратегиите изградени од африканските институции и африканските влади“, рече тој.
Во меѓувреме, здравствените и хуманитарните работници во погодените области велат дека им недостасуваат дури и основни потреби, како што се маски.
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда за вонредна состојба во јавното здравство од меѓународен интерес.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
