Во Кавадаречко оштетени преку половина од лозовите и овошните насади

Повеќе од 50 хектари овошки и лозја во Кавадаречко се 30 до 90 проценти оштетени поради пролетните ниски температури, покажуваат теренските проценки на општинската комисија.
- На повикот за пријавување штети што го објави општина Кавадарци се јавија 88 земјоделци. Се работи за над 26 хектари овошни насади и преку 24 хектари лозов насад. Штетите се најголеми кај овошките. Има оштетувања и кај праските и сливите, но најмногу кај кајсиите. Пролетните ниски температури оставиле негативни ефекти врз овошните и лозовите насади кои се наоѓаат главно покрај реките, информира Васко Керов, претседател на Комисијата за проценка на штети.
Најсериозни оштетувања, додаде, има на површините од над 16 хектари во село Сопот, а најмалку во Бегниште. Штети има и во Раец, Шивец, Бојанчиште, Глишиќ, Фариш, Марена, Дреново.
Извештајот за проценките на штетите ќе биде доставен до Советот на општина Кавадарци. По неговото усвојување, ќе се изарботи елаборат кој ќе се достави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
