Во Кавадарци се реновираат згради заради енергетска ефикасност

Се реновираат згради заради енергетска ефикасност во Кавадарци. Проектот се реализира со соработка меѓу станарите на зградите, Хабитат Македонија и кавадаречката општина. Локалната самоуправа покрива 25 проценти од трошоците, а останатиот дел со посредство на Хабитат, станарите го исплатуваат на седум години со пет проценти камата.
Увид во работите на една од зградите денеска изврши кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
- На почетокот постоеше скептицизам за оваа работа, но сега има наплив од нови барања, информира тој.
При реновирањето на следната зграда, работите во првите два ката кои се на Здружението на пензионери ќе бидат донација од француска компанија за градежни материјали, обезбедена од Здружението за хумано домување Хабитат.
Како што нагласи Панов, со проектот не само што се зголемува електроенергетската ефикасност и се разубавува изгледот на зградите кои се во центарот на градот, туку и се спречува паѓањето малтер од старите фасади.
Андреј Апостолски од Хабитат Македонија меѓу другото речедека се посветени на обезбедување пристоен дом за сите.
- Мило ми е што проектот за заштеда на електрична енергија се реализира и во помалите градови, бидејќи придобивките ќе бидат големи во наредните години, додаде Апостолски.
На лице место денеска беа и средношколци од електротехничките училишта од Македонија, Србија и Хрватска, кои имаа можност да волонтираат на терен, да се запознаат со работите и да научат за волонтирањето.
Ново на Сител
-

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја
-

Kлековски ќе информира за спроведените реформи, проекти и унапредувања во здравствениот систем во последните две години
-

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-

Сончево со температури до 36 степени
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
