Во карантин бегалскиот камп „Рицона“ во Грција, 20 лица заразени со Ковид-19

Бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа од денеска е во 14-дневен карантин, откако беше потврдено дека 20 лица се заразени со Ковид-19, по проверката на контактите на родилката позитивна на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за миграција и азил на Грција, утрово соопштија дека по наредба на надлежниот министер Нотис Митаракис, а во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната здравствена организација, бегалскиот камп во Рицона е во карантин во следните 14 дена.
-Оваа одлука е донесена по резултатите од вчерашната проверка на контактите на потврдениот случај на Ковид-19, кај жена која престојува во кампот, а е хоспитализирана по породувањето во атинска болница. При проверка на 63 лица во кампот во Рицона, беше констатирано дека 20 од нив се позитивни на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција и додаваат дека никој од овие 20 лица немал симптоми, а проверката на контактите ќе продолжи и во текот на денешниот ден
Во вторникот беше потврдено дека жена – барателка на азил, која престојува во организираниот бегалски камп „Рицона“е заразена со коронавирусот, а била тестирана веднаш откако се породила во атинска државна болница.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
