Во Јамајка против зика вирусот со борат со реге

Секоја земја има свои начини со кои се спреавува и ги информира граѓаните за опасностите кои ги носи вирусот зика. Но се чини дека тоа на најзабавен начин го прави Министерството за здравство на Јамајка.
Ова Министерство објави видео спот во реге стил, под наслов „Ние не сакаме зика вирус“.
Ѕвезда на видеото е гинекологот Мајкл Абрамс, кој преку песна енергично ги советува луѓето како да ги избегнат потенцијално опасните комарци во своите домови.
Живописните стихови вклучуваат совети како да ги исчистите сите места во домот каде комарците можат да се вгнездат, да бидете сигурни дека никаде немате „стоечка“ вода, вклучувајќи ја и онаа во вазната со цвеќето.
Абрахам специјално ги советува бремените жени и ги упатува како да се заштитат себе си и своето дете од вирусот, кој потенцијално е поврзан со микроцефалија.
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
