Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европски земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра

Од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во регионот на градовите Кожани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, при што уапсени се 13 лица, кои нелегално се стекнале со над 2,5 милиони евра, информираа од полицијата.
Полициската акција ја спроведува Одделот за борба против економски криминал при Дирекцијата за борба против организиран криминал, со цел разбивање на криминална организација чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во давање лажни изјави.
Меѓу уапсените 13 лица, се и управител и вработен во Центарот за прием на барања, а во истрагата се опфатени вкупно 39 лица.
-Се проценува дека незаконската финансиска корист надминува 2,5 милиони евра, а паралелно се утврдени и даночни прекршоци, информираа од грчката полиција.
Минатата седмица, за скандалот со европските земјоделски субвенции, во две одвоени акции спроведени во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, како и во делови на островот Крит беа уапсени вкупно 39 лица за нелегална корист од над 7 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
