Во Гостивар проблеми со апаратите за отчитување отпечаток од прст
Изборниот процес на денешните Локални избори во Гостивар започна со проблеми. Повеќето од половината апарати кои ги отчитуваат отпечатоците од прст не можеле да се активираат, информираат од ОИК Гостивар.
Зарaди пријавените проблеми наскоро ќе се одржи состанок за да се утврди како ќе одвива гласањето понатаму. Онаму каде што апаратите не работат, процесот се одвива според насоките од ДИК на сите 121 гласачко место. Во списокот за гласање запишани се 80.050 лица.
Од ОИК Маврово Ростуше сите 39 избирачки места се отворени во предвидениот рок: Во избирачкиот список има 10.144 лица со право на глас.
Од ОИК Врапчиште информираа дека сите 39 избирачки места се отворени навреме и потешкотиите кои се јавиле на почетокот се надминати, а процесот на гласање се одива според предвиденото. Во оваа општина за гласање се запишани 26.383 граѓани.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
