-->
-->
Во Флорида промовирана монографијата за Атанас Близнаков
-->

Jубилејното издание на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, чиј автор е публицистот Славе Катин, беше претставено на собир во организација на Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида.
Монографијата, чиј рецензенти се ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски и проректорот проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска, е на македонски и англиски јазик, а е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
Промоцијата се одржа по повод 40-годишнината од формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, преку која околу 350 студенти завршиле универзитетско образование.
Ова беше четврто претставување на монографијата „Атанас Близнаков“ на северноамериканскиот континент. Делото е посветено на животот и делото на Близнаков, кој важи за голем македонски донатор во иселеништвото (15.12.1901 – 10.07.1998) и основач на фондација во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
