Во Дебарско за субвенции аплицирале илјада земјоделци

Во Подрачнатата единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, илјада земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, доставиле барања за финансиска подршка.
- Барањата се однесуваат на сите мерки од програмата за финансиска подршка. Поголемиот број се од општините Дебар и Центар Жуша, а четириесетина се земјоделци од подрачјето на Река, кои, поради близината, освен во гостиварската, може да доставуваат и во нашата подрачна единица. Споредено со лани, забележано е благо зголемување на бројот на поднесените барања за два отсто, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител.
Посочува дека бројот на поднесените барања може да биде и поголем, поради фактот што може да се аплицира и по електронски пат.
Последните години во просек годишно, субвенции добиваа околу илјада земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.
- Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата, во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Така на пример стадата овци се двапати побројни и сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, оценува Муладаути.
Нагласува дека вработените во единицата секогаш се подготвени да ги дадат потребните информации и помош на земјоделците,за се што е во нивен интерес.
Според Муладаути, земјоделците се подготвуваат за почеток на жетвата, а имајќи ги предвид поволните временски услови во текот на развојот, очекуваат добри приноси по единица хектар.
Ново на Сител
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
