Во Дебарско за празниците над три илјади печалбари

Во поширокиот дебарски регион за новогодишните и божикните празници допатуваа над три илјади печалбари, главно од Италија и Германија.
Нивното присуство го заживеа овој преубав дел во нашата земја, кој е познат по печалбарството, видно е зголемена фрекфенцијата на возила, прометот во трговската мрежа, а се прави и по некоја веселба главно свршувачки и неколку свадби.
- Таму работиме, интегрирани сме во општеството, но секогаш родната грутка ја носиме во своите срца и души, па секоја можност ја ползуваме за да дојдеме. Дома си е дома, вели Зулфо Незироски кој во Италија е веќе две децени, но секоја можност ја користи да дојде тука зашто љубовта кон родниот крај никој и ништо, како што вели, не може да им ја отргне од нивната душа.
Тие тука остануваат до десетти јануари кога почнуваат да се враќаат во земјите каде што живеат и работат.
Дебар првпат оваа година доби вистински новогодишен лик. Во центарот на градот е поставена убаво украсена новогодишна елка, светилки се поставени долж главната улица, а речиси и нема куќа или балкон кои не се украсени.
Сепак, најубав дел од градот е новоизграденото шеталиште со кое градот доби лик на современа урбана средина.Во неколку угостителски објекти се организираат забавни новогодишни вечери.
Ново на Сител
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
