Во Дебар 45-ти ден нема новозаразени со КОВИД-19

Епидемилошката состојба во Дебар кој беше првото жариште на КОВИД-19 во државава е стабилна. Веќе 45-ти ден нема ново заразени, а како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.
Бројот на заразени останува 51 од кои две лица се од Центар Жупа. Излекувани се 47, а починати се четворица.
Според полициската статистика, во самоизолација се три лица кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.
-Во текот на изминатото деноќие, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Дебар извршиле и 12 контроли врз угостителски и други објекти. Во исто време издале осум прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Како што информираат од Општинскиот оперативен штаб, и натаму се распределува хуманитарна помош за семејства кои се во потешка социо-економска состојба. Распределбата се врши врз основа на список подготвен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Црвениот крст и хуманитарните здруженија кои делуваат во градот.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
