Во Данска потврдени 33 случаи од новиот вид на коронавирус
Данска потврди 33 случаи на новиот вид на коронавирус, кој рапидно се шири во делови на Велика Британија, соопштија властите во земјата.
Државниот институт за инфективни болести соопшти дека анализира генетски материјал од 7.805 позитивни тестови на Ковид-19 спроведени од 14 ноември до 14 декември.
Новиот вид на вирусот е пронајден кај 0,4 проценти од позитивните.
Институтот забележува дека овој процент може да се промени, со оглед на тоа што досега се анализирани само 13,5 проценти од сите позитивни тестови од тој период.
Данска, како и многу други земји, го прекина воздушниот сообраќај со Велика Британија, каде што новиот вид на вирусот брзо се шири на југот на Англија, вклучувајќи го и Лондон.
„Според прелиминарните информации, 33 заразени лица во Данска немале контакт со Англија и не патувале во кои било други земји“, соопшти институтот.
Ново на Сител
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
-

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремен дожд, на планините врнежи од снег
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
