Во Чашка привршува изградбата на новата спортска сала

Во центарот на Чашка до ООУ „Тодор Јанев“ привршува изградбата на спортска сала вредна 403.000 евра, што ја финансира Министерството за образование и наука.
Како што информира градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, спортската сала треба да биде готова до крајот на септември, а освен за учениците ќе биде користена и за потребите на жителите.
Тој појасни дека и запуштениот простор околу салата потоа ќе биде партерно и хорикултурно уреден, а ќе се направат и пешачки патеки, кошаркарско и детско игралиште.
Градоначалникот Стојановски најави реновирање на запуштената спортска сала во основното училиште во село Мелница кое е подрачно училиште на ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка, за што проектот е во завршна фаза и со него ќе аплицираат во септември.
Воедно најави дека се работи и на проект за изградба на спортска сала во училиштето во село Горно Јаболчиште, а за која појасни дека е во рамките на програмата на МОН за десет спортски сали, што се уште не е започната и искористена.
Градоначалникот Стојановски информира дека во разговор со министерот за образование им била дадена можност да аплицираат за таа спортска сала, која ќе биде дел од Основното училиште „Илирија“. Тој најави дека нејзината изградба се очекува да започне идната пролет.
Ново на Сител
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
