Во Битола против сезонски грип вакцинирани 3.736 лица

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информира дека од почетокот на вакцинацијата против сезонски грип до денес, во регионот од надлежност на Центарот за јавно здравје, вакцинирани се 3.736 лица.
Според анализата и проценките на ЈЗУ Центар за јавно здравје, во оваа година потребни ќе бидат околу 6.800 вакцини.
-Вакцинацијата против сезонски грип во Битола втора недела се одвива непречено и без поголеми проблеми. Обезбедени се доволни количини на вакцини и во проектот „бесплатни вакцини” на Министерството за здравство кои се наменети за лица постари од 65 години со просечна и подпросечна пензија, како и лица кои не примаат пензија, и во делот на вакцини наменети за останати категории на граѓани како пензионери постари од 65 години со повисока пензија од просечната, како и лица помлади од 65 години со некое хронично заболување.
До денес, на ниво на регион вакцинирани се вкупно 3.736 лица од кои 2.158 со плаќање и 1.578 бесплатно, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и додаваат дека за задоволување на потребите на сите заинтересирани лица, за оваа сезона планирани се 6.800 вакцини.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
