Во Белград конференција „Western Balkans 2030“, меѓу учесниците потпретседателот на Владата Стоилковиќ, министерката Божиновска и министерот Муртезани

Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“. Меѓу учесниците на конференцијата се најавени и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.
Western Balkans 2030 е клучен регионален форум што ги обединува претставниците на европските институции, меѓународните организации и деловната заедница со цел заеднички да ги дефинираат насоките за развој на регионот до 2030 година. Фокусот е ставен на регионална интеграција, енергетска транзиција, дигитализација, одржлив раст и инвестиции. Организиран од списанието „Регион“ и поддржан од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), форумот ќе собере 80-100 учесници, вклучувајќи институционални партнери, лидери од приватниот сектор и претставници на регионалните медиуми.
Овогодинешната програма ќе вклучува панели посветени на регионалната интеграција и пристапувањето кон ЕУ, зелената транзиција и дигитализацијата. Учесниците на конференцијата ќе бидат претставници на европски институции, меѓународни и регионални организации, дипломатски и експертски заедници, како и водечки компании.
Поврзувајќи ги носителите на одлуки и експерти од Европа и Западен Балкан, конференцијата има за цел да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа.
Целта на организаторите е и да го воспостават „Западен Балкан 2030“ како годишен форум за дијалог и соработка и како место каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.
Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ со која ќе разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
МИА
Ново на Сител
-

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово
-

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп
-

Патот кон Теферич затворен за сообраќај
-

Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
-

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ: Груби ќе одговара - правда ќе има
-

Донација за ЈЗУ Општа болница Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
-

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности
