Во Албанија невремето предивика големи проблеми

Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањто со електрична енергија во повеќе делови во земјата.
Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни правци, а траектот кој сообраќа на релација Анкона – Валона поради високите бранови не можел да вплови на пристаништето. Исто така, поплавени се големи земјоделски површини и стотина домови, а во многу делови во земјата има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
-Во текот на ноќта сите локални структури и оперативни тимови продолжија да работат на терен за нормализирање на состојбата во подрачјата погодени од лошите временски услови, за обезбедување на патните правци и за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Максималната ангажираност на сите сруктури продолжува и денеска, наведува Министертвото.
Во справување со состојбата вклучени се и припадниците на албанската армија.
-Насекаде во Албанија, од Тет, Лежа, Милот, Мамурас, Тумана до Финиќ, во сите области погодени одневремето, вооружените сили на Албанија се во максимална подготвеност да интервенираат за да им помогнат на цивилните структури и жителите, напиша на социјалните мрежи Пиро Венгу, министер за одбрана.
Околу 80 семејства во село во општина Курбин, се блокирани бидејќи мост бил уништен од излевањето на реката Дроја. Излеаните планински реки однеле и друга патна инфраструктура во општината, а на некои патишта се формирале и свлечишта.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
