Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија

Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба денеска и утре се одржува 39. Самит на Африканска Унија.
Мали се изгледите за постигнување на консензус за решавање на спорните прашања поврзани со воените конфликти, државните удари и фалсификуваните избори во африканските држави/Основни теми на Самитот на АУ се ситуацијата во источниот дел на Демократска Република Конго, тензиите во Јужен Судан и Судан, каде повеќе од три години се води граѓанска војна.
Исто така ќе се разговара и за обезбедување на пристап до вода за пиење.
Во време кога АУ е потребна повеќе од кога било, таа е веројатно најслабата од почетокот на овој век, се наведува во извештајот на невладината организација Меѓународна кризна група.
Тројца од лидерите кои се најдолго на власт, со исклучок на монархиите, се од Африка.
Во Екваторска Гвинеја на власт е Теодоро Обианг Нгуема од 1979 година, во Камерун на власт е 92-годишниот Пол Бија од 1982 година, а Јовери Мусевени е претседател на Уганда од 1986 година.
Многу други африкански претседатели се на власт со децении. Во Африка од 2020 година имало десет државни удари, од кои во Мадагаскар и Гвинеја-Бисао се случија изминатите месеци.
АУ е погодена од намалувањето на странската помош првенствено од САД и од Европска Унија, бидејќи 64 отсто од нејзиниот буџет односно 700 милиони долари е странска помош.
Африканската унија, со седиште во Адис Абеба претставува повеќе од 1,5 милијарди луѓе, често е критикувана за својата некомпетентност и неосудување на изборните измами, како на пример во Танзанија и во Уганда.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
