ВМРО-ДПМНЕ: Заев велеше дека блескаме, а донесе рецесија, над 50 илјади луѓе останаа без работа
Македонија и официјално е во рецесија. Лошите политики допринесоа државата економски да пропаѓа. Од толку што е јак економист Заев, Македонија проплака. За 10 месеци 50.000 луѓе останаа на улица. Ни се случува втора
транзиција.
Заев е политичарот кој велеше дека блескаме, а донесе рецесија и немаштија.
Вчера ДЗС објави статистика дека цените на мало растат, тоа значи дека храната и пијалоците стануваат се поскапи. Лебот станува се поскап! Преживувањето во Македонија под Заев е се потешко.
Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Заев донесе апсолутна сиромаштија.
Состојбата ќе станува уште подраматична особено, ако се земе во предвид фактот дека извозот е намален, тоа значи дека се помалку работат фирмите и е намалена економската активност.
Намалената активност на фирмите влијае и на намалувањето на приходите во Буџетот, се на се крах во економијата.
Јавниот долг за неполна година е зголемен од 49% од БДП на 61%. Додека буџетскиот дефицит за оваа година ќе изнесува над 900 милиони евра. Ова е економско цунами.
Заев продава се државно за да може да ги покрие дупките, а народот останува без леб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
