ВМРО-ДПМНЕ: Заев излажа за да одложи судско рочиште

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара, како што наведе членот на партијата Драган Данев, институциите веќе да не ги толерираат манипулациите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што беше посочено, го излажал судот само за да одложи рочиште.
- Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја потврди точноста и вистинитоста на народната изрека „Кој лаже, тој краде“, рече на прес-конференција членот на партијата Драган Данев, посочувајќи дека претседателот на СДСМ под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Данев рече дека Заев го лажел судот „без око да му трепне“ само за уште еднаш да одложи рочиште и да го развлече предметот за поткуп што го барал од струмички бизнисмен. На истото рочиште, додаде тој, најпрвин бараше изземање на обвинителот и, како што рече, повторно со лага дека се водела кривична постапка против него.
Данев рече ваквиот однос на Заев кон државата и институциите мора да прекине.
- Институциите не смеат веќе да ги толерираат манипулациите на патолошките лажговци. Заев мора да одговара за изнудата врз струмичкиот бизнисмен, рече тој, додавајќи дека Заев се товари дека сакал да се збогати за дополнителни речиси 200.000 евра.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
