ВМРО-ДПМНЕ: За 10 месеци власта ништо не сработи

10 месеци по доаѓањето на власт на СДСМ, Македонија е заробена држава. Државата пропаѓа и на економски и на социјален план, а демократијата е суспендирана.
СДСМ е во коалиција со криминал. Корупцијата доби епидемиски размери. Тоа го покажа и истражувањето на Транспаренси. Странските инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија.
Нарушена е безбедноста. Рекетот и изнудата се секојдневие. Се палат возила, а убијците шетаат на слобода. криминалците уживаат во амнестијата.
10 месеци власта ништо не сработи. 10 месеци константно се задолжува државата, а немаме ниту инвестиции, ниту проекти.
Од доаѓањето на власт до сега оваа расипничка влада се задолжи за 1.6 милијарди евра. Од таквото задолжување државата нема никаков бенефит. Нема нови инфарстуктурни проекти, нема раст на економијата. Економијата минатата година немаше раст, а секаде во регионот економијата отиде напред. Градежништвото падна под 20%. Владата која што ветуваше инфраструктурен бум, 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, не само што не отпочна ниту километар нов пат, туку неосновано ја запре изградбата на сите инфраструктурни проекти започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Најавуваа реформи во правосудниот систем. Правна држава и почитување на принципот на владеење на право. Ветуваа независно и непристрасно судство. 10 месеци откако се на власт, судството е на колена и постапува единствено под политички притисок од СДСМ. Правосудните органи се користат инструментализирани против опозицијата, додека претставниците на власта остануваат не допрени од правдата.
10 месеци ниту МВР, ниту ОЈО имаат отворено постапка против претставници од власта. Се молчи за сомнителната набавка во 4 очи на возила шкода за потребите на МВР, се молчи за најавата на Заев дека двајца претставници во владата се фатени во корупција, а има и нерасчистени убиства.
Граѓаните во овие десет месеци со СДСМ видоа што значи корупција, мрза, незнаење, неспособност, расипништво и не водење сметка за државните интереси.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро. По доставување на барањето до господинот Талат Џафери, очекуваме седницата за гласање на доверба да биде закажана за идната среда.
Драган Данев, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
