ВМРО-ДПМНЕ: Власта има можност да покаже разум и да го прифати референдумот

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата.
Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа?
Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи?
Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта.
Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт.
Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува.
Ново на Сител
-

Усен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 67,5 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
