-->
-->
ВМРО-ДПМНE: Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“
-->

„Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата.
Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да и се платат огромни 72 милиони евра.
Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата. Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста:
Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?
Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект? Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата? Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста.
Нетранспарентноста на владата и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра. Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила.
Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните. Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон.“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
