ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски и СДС нема веќе поддршка од граѓаните
Криминал, корупција, уназадување, стагнација, пропаст, сиромаштија, беда и крах на економијата донесе влада на СДС и ДУИ.
79.8 проценти од граѓаните сметаат дека корупцијата во Македонија расте и дека е повисока од лани, покажува најновата анкета за истражување на јавното мислење спроведена од агенцијата Мартек вижн од 5 до 16 јни.
Граѓаните на владата на Димитар Ковачевски и Али Ахмети гледаат како на криминал, а нив ги сметаат за главни и најголеми криминалци кои на грбот на народот се богатат.
Но, не само граѓаните, потврда за тоа дека владата на СДС и ДУИ е криминална и корумпирана доаѓаа и од нашиот стретшки партнер САД и Стејт Департментот.
И додека владата на СДС и ДУИ се фали со економските политики, граѓаните сметаат дека македонската економија доживува крах.
Речиси половина од анкетираните граѓани односно 49.5 проценти сметаат дека нивниот животен стандар ќе остане ист, додека пак повеќе од половина од граѓаните или 66.1 процент од граѓаните не очекуваат владата на СДС и ДУИ до крајот на својот мандат да донесе подобрување на економијата.
43.6 проценти од испитаниците одговориле дека најважен проблем во државата е економијата и намалената стопанска активност, додека пак веднаш потоа или 26.7 проценти од анкетираните граѓани го посочуваат нефункционалниот правен систем како најважен проблем со кои се сооува Македонија.
Нема анкета на која СДС и Ковачевски водат, ниту пак има прашање на кое што граѓаните одговараат во нивна полза.
СДС и Ковачевски секој ден влегуваат во негатива.
Песимизам преовладува кај граѓаните и кога станува збор за тоа која политичка програма има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма.
Имено само 8.3 проценти од испитаниците мислат дека владата има капацитет да донесе добра економска програма, додека 13.5 проценти од анкетираните граѓани одговориле позитивно дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма.
Ковачевски и СДС губат на анкетите, а ќе изгубат и на изборите. Владата е детронизирана.
Ковачевски и СДС немаат веќе поддршка од граѓаните.
Нивните катастрофални и криминални политики набрзо ќе бидат поразени.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
