ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и СДСМ вршат притисок врз судот

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО не поседува никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави несвојствени за едно обвинителство се обидуваат да ја покрие својата пристрасност и непрофесионалност.
- Неверојатно е што денес кога по интервенција на СЈО се одложи рочиштето, токму тие напаѓаат и обвинуваат друг за тоа. Доколку не беше интервенцијата на СЈО денеска рочиште ќе имаше и брзо ќе можеше да се види вистината, но и лагите и конструкциите на СЈО како и на измамникот Жерновски, се вели во пишаната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на градоначалникот Андреј Жерновски и обвинителката Фатиме Фетаи.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СЈО и владејачката гарнитура во континуитет преку јавни изјави и заплашувања вршат притисок врз судот. Нагласуваат дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на типична политичка хајка и прогон, а Никола Груевски и останатите уредно и редовно изразуваат почитување на судот и на законските процедури и притоа не смислуваат квази алиби.
- ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови се убедени дека секогаш ги почитуваат и ќе ги почитуваат законите, а времето ќе покаже дека сето ова што организирано го прават СДС и СЈО се само груби и неумесни конструкции и класично политички монтирани случаи, се наведува во реакцијата.
Жерновски, како што се наведува, кога би бил посветен на работа колку што е посветен на давање клеветнички изјави и манипулација, тогаш општина Центар би имала многу повеќе проекти за граѓаните.
- Тој мисли дека колку повеќе зборува на други теми, толку помалку ќе се гледа неговото неработење и безделничење. Жално е што еден градоначалник единствено по што може да биде актуелен се невистините и конструкциите кои ги прави, а не проектите и решавање на проблемите, стои во пишаната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
