ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е должно да ги уништи сите нелегално прислушувани материјали

ВМРО-ДПМНЕ го повика Специјалното јавно обвинителство да работи согласно со законот и укажува дека е должно сите нелегално прислушувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник.
- Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон. Тие единствено може да се употребуваат за уцени на граѓани и бизнисмени, изјави претпладнево Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека СЈО е испостава и инструмент на Социјалдемократскиот сојуз за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и за креирање материјали со кои ќе се оцрни раководството на оваа партија.
- Сите отворени случаи од СЈО се политички конструкции кои немаат допирна точка со правото. Обвиненијата по нив се крајно неаргументирани, со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС. Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија СЈО во партиска испостава на СДС, туку бесрамно вдомија симпатизери, внуци, роднини и нивни пријатели на државен буџет. СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам, истакна Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека таргетот на СЈО е само една политичка партија и стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ чиј грев, како што рече, не е криминал, туку тоа што останала со народот како единствен бедем за одбрана на државата.
Ново на Сител
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
-

Орбан: Идејата на ЕУ за заеднички заеми за финансирање на Украина ќе ги задолжи дури и нашите внуци
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
