ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви

Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски.
Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан.
Автобусот на Беса транс немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе.
Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати.
Три дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.
Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена.
Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
