ВМРО-ДПМНЕ: Сега целата одговорност останува кај Заев

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите порачува дека Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а, како што велат, можеше уште пред три месеци да ја прифати нивната понуда, да ја отфрли тиранската платформа и да заврши кризата.
- Сега целата одговорност останува кај Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека на Заев не може да му се верува поради што будно мора да се следи секој негов преземен чекор.
Заев, се посочува, јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика.
- Заев со своите чекори и постапки, погазување на Устав и Деловник на Собранието покажа дека единствен мотив му е да ги испорача наредбите од наредбодавачите. Ваквото однесување полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина. Веќе нема простор за манипулација на граѓаните. Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и отфрлање на секакви платформи, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
