ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со ребалансот на буџет ќе го зголеми долгот за 200 милиони евра

СДСМ со ребалансот на буџет ќе го зголеми долгот за 200 милиони евра, а народот од тоа нема да добие ништо.
СДСМ ќе ја задолжи државата, а со тоа и идните генерации, но при тоа ништо конкретно не гради.
Оваа влада на СДСМ ќе остане запаметена дека не направила ниту еден капитален проект.
Наместо инвестиции, тие со ребалансот на буџет кратат пари од образование и екологија.
Никој не знае каде ќе се трошат овие 200 милиони евра за кои ќе не задолжат, исто како што никој не знае каде завршија пола милијарда евра од ветените 850 милиони евра помош за стопанството и граѓаните.
СДСМ троши стотици милиони евра народни пари, а ефект нема. Ништо не е изградено, нити направено. Парите одат само на изборен поткуп и во џебовите на власта.
Време е расипништвото да запре. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
