ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да ја покрие тиранската платформа

СДСМ се обидува со истите манипулации и лаги од изборите да ја покрие тиранската платформа, која не само што ја прифати, туку и почна да ја реализира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Драган Тевдовски од СДСМ.
Фондот кој го ветува СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ, е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Тевдовски и СДСМ нудат парцијални решенија, што, укажуваат, ќе ја вратат економската катастрофа која секогаш се појавува од погрешните политики на СДС.
- Каде беше Тевдовски и СДС кога во време на нивното владеење невработеноста достигна рекордни 39 проценти? Каде беше Тевдовски и СДС кога просечната плата не беше повисока од 12 илјади денари, а поголемиот дел од работниците земаа по 5-6 илјади денари плата, која им беше исплаќана со задоцнување? Каде беше Тевдовски и СДС кога бегаа од гласање закон за минимална плата, иако ја ветуваа пред избори? Каде беше Тевдовски и СДС кога се затворија 684 фабрики, а 200 илјади работници останаа на улица?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Граѓаните, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, многу добро знаат кој и колку направил за работниците, во секој сектор, кој ја покачил платата и стандардот, кој има зад себе конкретни дела, а кој лажни ветувања. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема поддршка од граѓаните и затоа ВМРО-ДПМНЕ има 11 изборни победи по ред, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
