ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно ја задолжи државата
СДСМ не запира со расипничкиот однос со парите на граѓаните. СДСМ денес повторно ја задолжи државата. Власта денес се задолжи за 93 милиони евра.
Задолжувањето во Република Македонија, под власта на СДСМ стана пракса, а не исклучок. Не поминува недела, а власта да не се задолжи.
Од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжи државата за над 790 милиони евра. Додека вкупниот нето долг во истиот период го зголеми за над 540 милиони евра.
И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0%. Градежништвото бележи пад од 20%, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1%, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува.
Милиони задолжувања, а нула инвестиции. Партијата која од опозиција ветуваше инфраструктурен бум нема почнато ниту еден метар нов пат или автопат.
Граѓаните се разочарани. Власта работи спротивно на тоа што го ветуваше. Власта се задолжува, целосно нетранспарентно и без основа.
Оваа власт не работи во полза на граѓаните. Оваа власт не води грижа за интересот на државата и нејзиниот развој. Колку побргу си замине оваа расипничка власт, толку подобро за македонската држава и економија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
