ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одговорна за разликата во каматата за еврообврзницата

Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи СДСМ, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ за евробврзницата.
Поради СДСМ, се вели во реакцијата, граѓаните на Република Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболицираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили да го руши рејтингот на Македонија во светот.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека со тие 25 милиони евра можеле да се реконструираат неколку болници, да се изградат студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки.
- Ова е втор обид за финансиски тероризам на СДСМ во само неколку месеци. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите послушници неодамна им нанесоа штети во вредност од милиони евра на македонските граѓани преку ширење лаги од фабриките за афери за наводна девалвација на денарот. СДСМ свесно креираше паника и ги натера граѓаните без постоење објективни причини да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни средства на име камати, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
