ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да ги спречи граѓаните да одлучуваат за иднината

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Зоран Заев наведува дека СДСМ нема да успее да го спречи врвното демократско право на секој граѓанин да го искористи својот глас и да одлучува за својата иднина.
- Аболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните. На 5-ти јуни граѓаните референдумски ќе гласаат за крај на деструктивното сценарио кое го спроведува СДСМ, потпомогнато од нивните фабрики за афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, како што се додава во соопштението, десетти пат по ред ќе му го кажат најголемото „не“ на Зоран Заев кој, според ВМРО-ДПМНЕ прави се за да продолжи политичката криза во Македонија и да ја продолжи агонијата на граѓаните.
- На денот на изборите Заев и СДСМ ќе одговараат за своите постапки пред народот кој немилосрдно ќе ги казни. А после денот на изборите, ќе одговараат и пред други соодветни инстанци, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
