ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 3 ипол години краде од пензионерите
СДСМ 3 ипол години краде од пензионерите, а сега откако им ги зема парите ќе го враќа стариот моделот кој го укинаа за да крадат.
Најавата за некакво покачување на пензиите преку таканаречен Швајцарски модел е лага. Тоа не е никаков Швајцарски модел, туку моделот кој функционираше од 2012 година до 2018 година, кога беше укинат од Зоран Заев и Мила Царовска.
До 2018 година пензиите се покачуваа во однос на два параметри, и тоа според трошоците за живот и растот на просечната плата, во 2018 тие ја укинаа можноста за покачување на пензиите според растот на просечната плата, и со тоа директно украдоа пари од над 300.000 пензионери 3 ипол години.
Тие пари кои СДСМ 3 ипол години им ги зема на пензионерите нема да им ги врати. Тоа се пари кои наместо за пензии отидоа за матни тендери, тие пари беа испумпани од фирмите блиски до Заеви и Ковачевски.
СДСМ се што требаше да направи е да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%. Што ќе беше реална помош за пензионерите.
Ново на Сител
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
-

Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел
